Неговото Високопреосвештенство, Aрхиерејот господин Петар, во сослужение на свештенството од храмот Св.Благовештение-Стара црква, денеска на големиот празник Крстовден, чиноначалствуваше со Света Божествена литургија.
-На светата литургија, нашиот митрополит ги произведе во чин протоереј ставрофор(крстоносец) и ги одликува со носење на граден крст, архиерејскиот намесник на Прилепското архиерејско намесништво Влатко Ристески и старешината на храмот Свето Благовештение Илчо Смилески, по одлука на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ – ОА, а по барање на нашиот надлежен митрополит, за одредени достигнувања во добробитот на нашата света црква. На многаја лета владико – информираат од храмот.
Нека ни е за многу години празникот и вечно да стоиме под спасоносниот крст на нашиот Спасител, Господ Исус Христос.