Советот на општина Прилеп на свечена седница по повод 3.Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, награда за животно дело додели и на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор на Австралиско-новозеландска епархија, Владиката Петар.
Во своето обраќање пред присутните, Владиката Петар упати моќни пораки, упати благодарност до Советот и општината, но истакна дека во ниту еден момент не покажал желба да добие таква награда.
“Не ми е желба да примам награди овде, ако има нешто ГОРЕ, на небесата!”, порача Митрополитот.
Неговото целосно обраќање можете да го проследите во продолжение: