ИЗВЕСТУВАЊЕ од црковниот храм Св. Благовештение (Стара црква):
–Браќа и сестри, со радост ве известуваме, дека во недела на 5ти Ноември, во нашиот храм ќе се одржи СВЕТА АРХИЕРЕЈСКА ЛИТУРГИЈА, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, нашиот Митрополит г. Петар, во сослужение на други архиереи (владици) од соседните сестрински помесни цркви и бројно свештенство. Да се помолиме заедно и да ги примиме Христовите дарови.