Владеачкото мнозинсто го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на акцизата на дизелот

Владејачкото мнозинство го одби предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се укине зголемувањето на акцизата на дизелот, како и би се намалила и цената на горивото.

Драган Данев, предложи на дневен ред да се стави предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи, велејќи дека приоритет број еден на владејачкото мнозинство треба да биде стандардот на граѓаните

-Има серија индикатори дека зголемувањето на акцизата е на штета на грѓаниите, влијае на бизнисот, на индустриското производство, на транспортот, на цените во малопродажбата. Најбитно е влијанието врз стандардот и квалитетот на живот на граѓаните. Оваа акциза апсолутно никаде не ја ветивте во предизборниот период – рече Данев.

29 пратеници гласаа за овој предлог да се стави на дневен ред, 56 пратеници беа против.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.