Владата прогласи KPИ3HA cocтojба во траење од 30 дена: Ова се деталите

Владата денеска на седница, согласно заклучокот од седмата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кpизи, Владата ја донесе Одлуката за постоење кpизна cocтојба на дел од територијата на Република Македонија заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигpaнти низ територијата на Република Македонија и заради постоењето на пандемиjaта и опacноста од ширењето на KOBИД-19, која ќе трае 30 дена од нејзиното влегување во сила.

-Со оваа одлука се утврдува постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија и тоа на подрачјата на јужната и северната граница на Република Македонија, и се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање и кој има задолжение да изготви акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување, соопшти владината прес-служба.

Постоењето на кризната состојба утврдена со оваа одлука, додаваат од Владата, ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила, а сите органи на државната управа се задолжени да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.