Владата прати тројца рамковни во социјални грижи Прилеп?

Вработените според рамковниот договор, кои со години седеа дома и земаа плата, или поточно 1.349 службеници ќе бидат распоредени во 237 институции и органи на државната и локалната самоуправа. Меѓу нив, најголемиот дел се економисти и правници, но има и кадар со средно образование. Планот за нивен трансфер помина на владина седница, а пред три дена истиот го презентираше првиот вицепремиер и министер за политички системи, Артан Груби.

Според информациите до кои дојдовме, рамковни ќе има и во Прилеп.

Па така, во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа ќе дојдат тројца нови административци, двајца со завршени студии по јавна администрација и едно лица со завршен Економски факултет.

Според најавите, овие лица со работа треба да започнат од 1. февруари.

Останува да видиме дали и во другите институции во Прилеп ќе има дел од овие 1.349 лица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.