Владата побара воведување на вонредна состојба на целата територија на Македонија

Владата денеска на седница донесе одлука да му предложи на Собранието на Република Македонија да предложи вонредна состојба.

Ова денеска го информираше на прес-конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој истакна дека исклучително сериозната ситуација, пред која се исправени граѓаните, поради заканите по здравјето од коронавирусот, но и врз економијата наложува вонредни мерки.

-Ова е вонредна ситуација и затоа е потребна вонредна состојба. Владата нема дилема и затоа на денешната седница донесовме одука за воведување вонредна состојба на територијата на целата држава сега и веднаш, рече Спасовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.