Владата му се извинува на Курц: “Многу се слични знамињата” – Дали е така проценете сами!

Откако од Владата направија грешка и денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц го пречекаа со погрешно знаме, упатија јавно соопштение со извинување.

– Владата на Република Македонија упатува извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст при посетата на Сојузниот Канцелар Себастијан Курц во Република Македонија. Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија, се вели во соопштението.

Дали државните знамиња се слични проценете сами:

Државно знаме на Австрија

Државно знаме на Летонија




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.