Владата донесе одлука! Ќе се прави реконструкција и ќе се гради ново крило на болницата “Св. Еразмо” во Охрид

На денешната седница на Влада се донесе одлука за РЕКОНСТРУКЦИЈА и изградба НОВО КРИЛО на болницата ,,Св. Еразмо ” – Костозголбна во Охрид.
Со денешната одлука предвидени се 2 милиони евра за оваа намена и со ова исполнуваме уште едно ветување – информираше на социјалните мрежи вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

-Св.Еразмо – специјална болница за ортопедија и траумотологија е од огромно значење за жителите на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен, а се вршат и посложени медицински операции за жителите од цела Македонија. Продолжуваме посветено во сите сегменти и продолжуваме со уште поголеми проекти – напиша Николоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.