Владата донесе измени за “Мој ДДВ” се намалуваат наградите, а граѓаните ќе можат повратот од фискалните да го донираат

Граѓаните кои скенираат фискални, можат да се откажат од заработените пари за првото тримесечје и истите да ги донираат во Фондот против Ковид-19.

Владата на вчерашната седница донесе Уредба за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба, со која се утврдува можност за донирање на остварениот поврат од данокот на додадена вредност за кој физичкото лице има право преку проектот „МојДДВ“ во Буџетот на Република Македонија поради справување со последиците предизвикани од кopoнавирусот.

Физичките лица корисници на апликативниот софтвер за пријавување на податоците од фискалната сметка изготвен во мобилна верзија ќе имаат можност да изберат да го донираат остварениот износ од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање.

За остварениот износ за поврат на ДДВ во првото тримесечје во оваа година, граѓаните ќе имаат можност да изберат опција за донирање на дел од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање, најдоцна до 5-ти мај 2020 година.

Исто така се намалуваат и наградите од “МОЈ ДДВ Моја награда”. Дневно ќе се доделуваат 10 награди од по 500 денари, додека месечните извлекувања од по 100 илјади денари во мај и јуни нема да се одржат, соопштуваат од министерството за финансии – пренесе “Сител ТВ”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.