Штрајкот ќе продолжи и во наредните денови зашто немаме конкретно ветување дека зголемувањето на платите ќе биде во висина од некој процент. Со преговори ќе продолжиме и сме расположени во секое време да се сретнеме кога ќе побараат од нас, ќе бидеме достапни, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков по денешната средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на кој се разговарало на повеќе теми поврзани со образовниот систем во државата.
“За жал немаме добри вести за јавноста, штрајкот ќе продолжи и во наредните денови, од причина што немаме конкретно ветување дека зголемувањето на платите ќе бидат во некој процент. Повеќе разговорите беа за тоа кога ќе продолжи наставата, како ќе се надополнат часовите, кои се последиците од штрајкот и.т.н. Тука морам да кажам дека двете страни имаме исти став, дека преговорите треба да се интензивираат. Што побрзо да се најде в заемно решение, како децата би ви оделе во училиште и да ја изведуваат редовната настава. Од таа причина очекуваме од министерството деновиве да излезат со конкретен предлог, па и со писмен допис со цел да имаме гаранција за тоа што се договараме. Дали штајкот ќе го ставиме во мирување, зависи од предлогот на министерството, односно Владата”, истакна пред медиумите Неделков.