Вкусна чоколадна торта која не се пече (ВИДЕО)

coko_tortaaa-650x396

Рецепт за евтина, крцкава и вкусна чоколадна торта. Овој колач не се пече, лесно се подготвува, готов е за миг, а е погоден за сите ситуации кога имате ненајавени гости.

Состојки:

280 грама чоколадо за готвење;

250 грама ореви;

50 грама суво грозје;

Околу 20 бисквити со средна големина;

150 грама путер.

Подготовка:

Најпрво, ситно исецкајте ги оревите, потоа здробете ги бисквитите и измешајте ги со оревите. На крај додадете и суво грозје и добро измешајте ја целата смеса.

Чоколадото за готвење стопете го на пареа. Кога ќе биде готово, додадете путер и почекајте се да се стопи и да се соедини. Чоколадото и путерот додадете го на сувите состојки и се добро промешајте.

Добиената смеса потоа ја преместувате во кружен калап обложен со фолија, порамнете се со лажица.

Колачот се остава во фрижидер да се олади и да се стегне. По два часа десертот е готов. Исечете го колачот на ситни парчиња и сервирајте.

Деталното упатство за подготовка можете да го погледнете во приложеното видео:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.