Ви текнува дека Сугарески и Анѓушев во 2019-та демек, најдоа решение за “Еурокомпозит”?

Kонечно е најдено решение за Eуркомпозит, работевме долго на ова прашање, проблемот е долготраен. Тој не настана во
овие година и половина, туку е актуелен дваесетина години. Не беше лесно да се најде инвеститор за компанија која има негативен капитал, но во моментов имаме две можни решенија – oва го истакна тогашниот вицепремиер Кочо Анѓушев, при посетата на општина Прилеп, заедно со тогашниот минитер за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Две години подоцна од тогаш двете можни решенија нема ништо. Новитетот е што Анѓушев не е повеќе вицепремиер, а Сугарески не е повеќе министер.

Вработениете во Еурокомпозит не одат на работа и мака мачат да обезбедат опстанок за своите семејства.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.