Веројатно некогаш сте се запрашале што се по занимање најпознатите светски фудбалери, односно какво и дали воопшто имаат некакво образование. Дали воопшто завршиле средно училиште?
Ако планирате да поставите нови плочки во купатилото викнете го Манџукиќ. Напаѓачот на Хрватска и Јувентус, Марио Манџукиќ завршил средно образование во Салвонски Брод, смер керамичар.
Интерено, што се однесува до фудбалските ѕвезди, информациите за нивното образование, речиси е невозможно да ги пронајдете.
За Лионел Меси стои информација дека одел во основно училиште во Росарио, а кога влегол во фудбалската академија на Барселона се губи секаква трага за понатамошното школување. Се претпоставува дека Барса го испратила во некое специјално училиѓте, што поради талентот, што поради проблемите со хормоните за раст.
Кристијано Роналдо одел во основно училиште, но со фудбал полупрофесионално започнал да се занимава на само 12 години. Во договор со неговата мајка, го прекинал образованието, за да се посвети целосно на фудбалот.
Златан Ибрахимовиќ бил на тешки маки да заврши основно образование во шведскиот град Малмо, а во својата автобиографија напишал: “Бев луд! Ме нервираше тоа што морав да седам со мрави во гаќите”.
За образованието на Алексис Санчез, Фелипе Кутињо, Пол Погба или пак Нејмар, воопшто нема никакви информации.
Еден од фудбалерите на овие простори кој е далеку пред многумина е босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ, кој е студент на Универзитетот за спорт и образование во Сараево.
За пример е сегашниот капитен на Јувентус, Џорџо Киелини, кој неодамна магистрираше на Факултетот за Менаџмент и економија при Универзитетот во Торино и тоа со најдобри оценки.