Вишнемаалци утре ќе го прослават големиот христијански празник Св. Ѓорѓија – кај маалскиот параклис ќе се собере многу народ

Како и секоја година, и оваа, жителите на населбата “Вишне” од Прилеп, одново ќе се соберат околу маалскиот параклис посветен на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносецоносец и ќе го одбележат големиот христијански празник.

Секоја година за овој ден, голем број жители од оваа населба, но и од целиот град доаѓаат и заедно празнуваат.

Така ќе биде и утре, за кога во 10:30 часот ќе се одржи света литургија.

Вишнемаалци преку социјалните мрежи ги повикаа сите прилепчани кои сакаат да присуствуваат да дојдат, да се помолат за здравје и бериќет и да запалат свеќа.

За многу години!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.