Витаминот кој може да го намали штетното влијание на загадениот воздух

Според податоците на Светската здравствена организација над 90% од светската популација живее во околина каде загадениот воздух ја преминува границата. Научниците долго се сомневаат дека ПМ 2.5 (ситните честички во воздухот) предизвикуваат промени во нашите ќелии кои можат да го загрозат здравјето.

Меѓународен тим на научници во 2017 година направил клиничко испитување со цел да се дознае како ефектите од изложувањето на загаден воздух може да се намалат.

Резултатите на истражувањето откриле дека четиридневното излагање со користење на суплементи од витаминот Б го ограничува ефектот на ПМ 2.5 меѓу 28 и 78% на десет генски локации. Истражувачите потврдиле дека слична редукција се гледа и во митохриската ДНК, делови на ќелиите кои ја генерираат енергијата.

Заклучок, во текот на зимата додека воздухот е многу загаден, конзумирајте витамин Б.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.