Од 24 до 31. декември платото пред Градскиот Саат во Прилеп ќе биде претворено во прекрасен новогодишен базар. Седум дена музички настапи, креативни активности и незаборавна забава за сите генерации.
Покровител на настанот е компанијата “ВИТАМИНКА”, која во годината која ја очекуваме одбележува 70 години постоење, а сега ќе внесе волшебство и празнична магија за сите.
Од општина Прилеп упатуваат покана до сите граѓани заедно да го започнеме најубавиот период од годината и заедно да ја испешеме најубавата Прилепска празнична приказна!
Во текот на наредните денови најавена е и прес конференција на која ќе бидат соопштени сите детали.

























