Витаминка на 5.137м. височина! Двајца планинари од Прилеп се искачија на највисокиот врв во Турција (ФОТО)

На 13 јуни 2025 година, во 06:30 часот по локално турско време, беше искачен највисокиот врв во Турција – легендарниот Арарат (5.137 м.н.в.), кој се издига на границата со Иран и Ерменија, а имињата на двајца планинари од Прилеп се запишаа на листата на луѓе кои го совладале овој исклучително висок планински масив.

“Витаминка” го помогна овој подвиг на Христијан и Кети, а тие го развиорија логото на прилепското царство на вкусови на самиот врв.

-Со огромна гордост споделуваме дека нашиот колега Христијан Секулоски, возач во Витаминка, заедно со Кети Сечењи – двајцата членови на планинарското друштво „Козјак“ – Прилеп, успешно го реализираа ова големо искачување – напишаа од компанијата на ФБ.

ПСЗ „Козјак“, основан во 1938 година, е еден од најстарите планинарски клубови во Македонија, со долга традиција и љубов кон планината.

-Витаминка со посебна чест му честита на Христијан за овој подвиг и со радост го слави успехот на нашите колеги и пријатели кои секојдневно инспирираат со својот дух и истрајност, стои во соопштението од компанијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.