Со целосниот асортиман, вклучувајќи ги најсилните брендови, на голем изложбен простор Витаминка првпат се претстави на саемот Food expo во Атина. Саемското претставување беше проследено со презентации на производни програми и дегустации на производи. Тоа предизвика внимание од трговци, сопственици на синџири на супермаркети и граѓани.
– Секторот за храна е еден од најдинамичните. Затоа е исклучително важно да се претставиме успешно и впечатливо, да видиме какви се реакциите на нашите производи, започнувајќи од изгледот, дизајнот, вкусот и да ги измериме преференциите на пазарот. Презентацијата ја осмисливме производите на Витаминка да станат познати и поблиски за посетителите. Саемот во Атина важи за еден од најкомпетитивните во однос на бројноста на домашните изложувачи и странските посетители. После претставувањето, можеме да се надеваме на добар прием и пласман на нашите производи на кој било пазар – изјавија од компанијата.
Со 1.200 изложувачи на 45.000 м2, Food expo2017 е најголемиот саем за храна и пијалаци во Грција и еден од водечките меѓународни саеми од ваков вид во светот. Саемот беше посетен од повеќе од 46.000 професионалци од 88 земји.
Извор: Неделник Зенит