Под мотото „Туризмот – фактор за економски развој и конкурентност“ на 17 мај, во Скопје, се одржа престижниот „Марили Бизнис Форум 2025“, каде што Витаминка имаше чест да биде дел од настанот.
Компанијата беше претставена од Душица Неделкоска, Маркетинг и ПР координатор, и Гордана Симоноска, Шеф по набавка. Нивното присуство на форумот е во согласност со континуираната заложба на Витаминка да го поддржува развојот на економијата, руралниот туризам и гастрономската понуда како клучни двигатели на локалната конкурентност.
Настанот опфати три панел сесии кои ги отворија актуелните предизвици и можности во алтернативниот туризам, хотелската индустрија и ено-гастро концептот. Се отвори простор за дијалог и размена на искуства помеѓу експерти, менаџери и претставници од различни сектори, вклучувајќи и македонски и регионални компании од областа на туризмот и агроиндустријата.
Витаминка останува посветена на создавање на партнерства кои придонесуваат за одржлив развој, културна промоција и гастрономско збогатување на регионот. Горди сме што нашите претставнички имаа можност да разменат идеи и да бидат дел од иницијативи што ги поврзуваат храната, традицијата и туризмот во заедничка визија за поуспешна иднина.