Во согласност со заложбите за создавање работна средина која овозможува подобар баланс помеѓу професионалниот и семејниот живот, прилепската компанија Витаминка АД донесе одлука за воведување нова мерка со која дополнително ќе се поддржат вработените.
Почнувајќи од 1 јули 2025 година, компанијата доделува вредни подароци за секое новороденче на вработен, како и вредносен ваучер за купување бела техника за секој вработен што ќе склучи брак. Со оваа иницијатива, Витаминка ја потврдува својата заложба за општата благосостојба на вработените и нивните семејства.
Со оваа мерка, Витаминка уште еднаш ја потврдува својата определба да инвестира во луѓето кои се двигател на нејзиниот успех.