Витаминка домаќин на учениците од ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” – Дечките фасцинирани од прилепското царство на вкусови (ФОТО)

Учениците од седмо одделение од ООУ “Kире Гаврилоски-Jaне”, беа најнови гости во производствените капацитети на прилепска Витаминка.

-Ја посетивме фабриката за производство на познатите Стоби Флипс каде учениците се запознаа со погонот каде што се изработуваат омилените Стоби Флипс. Оваа посета ја организира наставничката по Хемија – Христина Манческа. Целта на посетата беше учениците да се запознаат со нешто ново што не виделе и е различно од училишниот материјал. Голема благодарност на наставниците Борче Ацески, Милан Јаковоски и Игор Радески кои присуствуваа на посетата и до директорката Снежана Коцесвка Шубеска – напишаа од училиштето

Од училиштето упатија голема благодарност за гостопримството до вработените во Витаминка, кои им ја овозможија оваа посета и ги почестија сите ученици со пресни Стоби Флипс и други производи од прилепското царство на вкусови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.