Витаминка зеде учество на 7. HRM Конгрес 2026, кој што претставува најзначаен регионален настан во областа на управување со човечки ресурси, кој се одржува во Белград и обединува повеќе од 500 HR директори, лидери и експерти од различни индустрии.
На конгресот присуствуваа Верица Исајловска, администратор за човечки ресурси и Драгана Петреска, соработник за општи работи во правниот сектор. Во фокусот се современата улога на HR како стратешки партнер на бизнисот, развојот и задржувањето на талентите, како и примената на нови технологии и аналитика во управувањето со луѓе. Се отвораат и прашања за организациска култура и лидерство во време на промени.
Со учество на вакви собири, Витаминка продолжува да инвестира во знаење и современи практики, затоа што развојот на компанијата започнува со развојот на тимот.


























