Еден од најпознатите македонски инфлуенсери Wik Kakarotski, на својот Фејсбук профил сподели сторија за вистинско чудо кое неодамна се случило во Охрид.
“Да ми кажвеше некој ќе речев “бабини деветини” ама ова го видов и сликав лично јас!
На наш сограѓани,неодамна,во пожар му изгореа двата горни спрата во куќата во близина на Охрид.
Ѕидот од горниот, паднал врз плочата на долниот па циглите и малтерот од ударот (како шо глеате) се издробиле скоро до сол состојба. Ок.
Од горната полица во кујната,која беше тутуносана, од висина од 2 метра,паднало ова јајце, а врз него цел спрат бетон и ПОГЛЕДНЕТЕ…. Јајцето не беше ни гребнато.. Чудо!!
ЧУДО ЧУДОСАНО!!!
– Велам јас, пошо никоаш… на вакви постој не сум вервел, А никоаш не би објавил нешо, доколку ЛИЧНО јас не сум сведок на истото!
За голема среќа во пожарот немат жртви и многу сограѓани, пријатели, наши иселеници се јавија нa повикот да помогнат koj колку можит.
Ова јајце го претставуват нашиот напатен народ кој милиениуми е сочуван само од Божја рака, што е најголем благослов а и клетва во исто време!
СПОДЕЛЕТЕ ЗА ДА ДАЈМЕ НАДЕЖ ОНАМУ КАЈ ШО НЕДОСТИГАТ,пошо единствено нешо шо мојт да не спасит е сплотување во име на верата и љубовта.
П.С: Доколку сакате да напрајте добро дело и да му помогниме на оштетениот,контактирајте ме.
Среќни Празници Рисјани!” – напиша на својот Фејсбук профил WIK.