Вистинско чудо: 51-годишна мајка во Битола роди близнаци за својата ќерка

Највозрасната сурогат мајка во земјава, на 51 година на свет донесе близнаци и се породи во Болница „Плодност“. Оваа интересна и необична приказна се однесува на мајката сурогат за сопствената ќерка, на која и беше извадена матката на само 16 годишна возраст.

Мајката, веќе три години беше во менопауза. Неа, тимот на болница „Плодност“ најпрво и го врати месечниот циклус, а потоа со програмата на донор јајни клетки, и сурогат мајчинство, за нејзината ќерка донесе на свет две близначиња во 37-мата недела со елективен царски рез.Мајката лесно ја поднесе бременоста и носењето на близначињата.
Оваа приказна е толку ретка, необична и можеби единствена на овие простори. Во свестот постојат само неколку вакви примери, а кај нас, ова го може само уникатниот ивф тим на Болница „Плодност“
– информираат од болницата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.