Новиот “револуционерен” ден во Прилеп не донесе ништо ново. Од празните говори на СДСМ пред општинската зграда не добивме ниту една идеја за развој на градот, ниту една идеја за нови инфраструктурни решенија, ниту еден предлог и реална критика кон општинските власти во Прилеп.
Напротив деструкциите на стотината приврзаници кон сивилиото наречено СДСМ – Прилеп, кое се претставува како шарена корпа на идеи и програми, продолжи со нагрдување и уништување на новиот и репрезентативен објект на општина Прилеп.
Оваа грозоморна слика, ги привлекува погледите на сите случајни минувачи, кои со негодување одмавнуваат со главите. Вандализмот ги навлече критиките и осудите на спортистите во градот, кои велат дека она што му треба на Прилеп се уште спортски објекти, како што се изградените 4 спортски сали и игралишта со вештачка трева.
На критиките се приклучија и просветните работници, кои сметаат дека начинот на издигнување на нивната професија на уште повисоко ниво, нема да се постигне на овој начин, туку со понатамошно инвестирање во училиштата, нешто што како никаде на друго место го има во Прилеп.
Граѓаните кои секојдневно имаат да завршат некои административни обврски во општината, прашуваат кога ова лудило ќе заврши? Туристите се зачудени од одговорите дека се уништува општествен имот, велејќи дека ова е незамисливо на западот.