На 17.05.2019 година во 22.15 часот на Неготино-Велес, на стара наплатна станица „Градско“ која веќе не е во функција, влекач „Сканија“ со велешки регистарски ознаки и полуприколка „Гоша“, управуван од Б.Ј.(59) од Богданци, удрило во бетонски ѕид од наплатната станица и се превртел на коловозот – информираат од МВР.
Во незгодата со повpeди се здобил возачот и со возило на Итна медицинcka помош бил пренесен во болницата во Велес, каде му била укажана леkapcka помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.
Наш читател ни испрати видео од местото на нecpeќата каде сеуште се наоѓа превртената сканија.