Вистински спортски спектакл: 385 натпреварувачи, 43 клубови, 7 држави – Прилеп викендов беше центар на џудото (Фото галерија)

На 09.10.2022 во Прилеп, во спортска сала на СОУ “Ристе Ристески Ричко” Прилеп, во организација на ЏК Сеишин -Прилеп се одржа 12-ти Меѓународен Турнир во џудо “ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ-2022 – ЦЕВИТАНА КУП”.

На овој Турнир учество зедоа вкупно 385 nатпреварувачи од 43 клубови од 7 држави: Македонија ( 14 клубови), Грција (11 клубови), Црна Гора (6 клубови), Србија (4 клубови), Бугарија (4 клубови), Албанија (2 клубови) и Косово (2 клубови).

Организаторот имаше обезбедено спортска сала која беше поставена според сите протоколи за натпревари од овој вид, која за волја на вистината беше исполнета до последното место. Борбите се одвиваа на 4 џудо борилишта, а правдата ја делеа џудо судии од нашата држава и странство.

На големо задоволство на клубот организатор, по двегодишна пауза поради ковид пандемијата, овој турнир се врати на голема врата и ќе биде запомнет како еден од најголемите спектакли кои досега се случиле во нашиот град.

Согласно сумираните резултати од натпреварувачката комисија, за најуспешни клубови по возрасни категории и добитници на пехари се: Помлади пионери-ки: ЏК Преспа Ресен, Помлади пионери: ЏК Бор Србија, Пионери: ЏК Црногорац Цетиње, Ц.Гора, Пионерки: ЏК Сакура Катерини Грција, Кадети: ЏК Велико Градиште Србија, Кадетки:ЏК Сакура -Катерини Грција.

Севкупен победник на овој турнир според бројот на освоени медали е Џудо Клубот Сакура Катерини од Грција.

Инаку за сите натпреварувачи кои освоија места на пиедесталот, организаторот имаше обезбедено награден фонд од дипломи, медали и посебна награда за прваците во секоја тежинска категорија – парфем.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.