Едно видео објавено на Редит покажува како уживањето во сонцето и морето се претвора во кошмар за една двојка.
Имено, при скок од карпа девојка се лизнува, а нејзиното момче наместо да и помогне, направи нешто што ги шокираше социјалните мрежи и го „номинира“ за најсериозен кандидат за титулата „најлошо момче во историјата“.
Девојката во еден момент губи рамнотежа и паѓа на карпата и инстинктивно пружа рака за да го фати момчето за нога, а тој во истиот миг ја повлекува ногата и таа паѓа во морето.
Голем број луѓе го критикуваа момчето поради неговата постапка, но имаше и такви кои застанаа во негова одбрана, трврдејќи дека можеле и двајцата да настрадаат ако таа го повлечела со себе.
Видеото го снимил Александар Тихомиров, а падот можете да го видите по 2:27-та минута на видеото.