Вистински амбасадори! Најдобриот македонски судиски пар со ново признание – Ќе судат финале во Лигата на шампиони!

Европската ракометна федерација ги делегира арбитрите за „фајнал-фор“ турнирот во Лигата на шампионите. Огромна чест добиваат најдобрите македонски судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, кои се делегирани за финалето на елитното европско натпреварување.

Ова е уште едно признание за нашата најдобра судиска двојка, и вистински спортски амбасадори на Македонија, кои претходно судеја финалиња и на Европско, Светско првенство, како и на Олимписки игри.

Мечот за трофејот во Лигата на шампионите ќе се одигра на деветти јуни во 18:00 часот во „Ланксес Арената“. Ден порано ќе се одиграат полуфиналињата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.