Вистинска драма се одвивала во населбата “Три багреми” во Прилеп

На 29.01.2019 година во 23.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека пред продавница во населба Три Багреми, по претходна расправија помеѓу браќата Ф.А. и Ф.А.(34), од една страна и Џ.А.(24) од друга страна, Џ.А. со секира и нож ги нападнал браќата.

„Џ.А. отишол во домот на Ф.А. каде бил и Ф.А.(34) и со секирата ја скршил влезната врата, и прозорите. После тоа, тој со нож го нападнал Ф.А.(34) и му нанел повреди. Џ.А. и Ф.А.(34) биле пренесени во болницата во Прилеп каде им била укажана лекарскла помош.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесена соодветни пријави“, соопштуваат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.