Вистина или теорија на заговор: Новинар тврди дека Флорентино Перез пет дена пред жребот го избрал противникот на Реал Мадрид во осминафиналето (ВИДЕО)

Неколку дена откако беа извлечени паровите за осмина финалето во фудбалската Лига на шампиони, Хорхе Рамос, новинар во уругвајското ЕSPN, изнесе тешки обвинувања на сметка на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Рамос среде ТВ преносот рекол дека од лица блиски до Перез добил порака во која пишувало дека газдата на Реал пет дена пред жребот започнал со притисок на УЕФА за Реал да го добие Ајакс. На крајот токму тоа се случи.

Сепак, треба да се каже дека Рамос не пружил докази за својата теорија на заговор, па така целата приказна треба да се земи со резерва.

Ова не е прв пат Реал да се поврзува со челните луѓе на УЕФА. Последните неколку години многумина тврдеа дека Реал има голема помош од судските организации во нокаут фазите во Лигата на шампиони, а последните сериозни обвинувања на сметка на Перез и неговото влијание во европската куќа на фудбалот го изнесе Златан Ибрахимовиќ, коментирајќи ја Златната топка за Модриќ.

“Сега знаеме дека Перез бил тој кој се борел со Меси за Златната топка, а не Роналдо”, рече Златан имплицирајќи дека Роналдо и Модриќ ја освоиле наградата затоа што зад себе го имале Флорентино Перез и силното лоби на Реал Мадрид.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.