ВИСТИНАТА ЗА АЛЧНИТЕ ПОЛИТИЧАРИ

18217386_10211010871379397_1182676438_n

Не стивнуваат рекциите на аналитичарите и политичарите ширум државата и светот за синоќешните случувања во и надвор од Собранието на Република Македонија. Се погласни се тврдењата дека се работи за исцениран настан, на кој граѓаните кои влегоа во законодавниот дом и жестоко реагираа, беа наведени во одреден момент. Екс пратеничката на СДСМ Солза Грчева на својот Фејсбук профил го вели токму тоа. Изборот на нелигитимниот претседател на Собранието беше направен во момент кога народот од граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија” беше пред портите на законодавниот дом.

“Тажен ден во нашата историја. Само алчни и уценети политичари можеа да не доведат до овде. Како народот падна на смислената провокација??? Зарем не им беше јасно зошто токму кога ти е се пред Собрание, се случи изборот на Џафери?! Зошто не во 14 часот кога нема жив човек таму? Сега цел свет виде дека “протестите не биле мирни, дека се работи за диригирани насилници и националисти”. Оние кои тоа не беа, како во лош филм, станаа херои и маченици”, напиша Грчева на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.