Генералниот менаџер на Јувентус Џузепе Марота, изјави дека клубот ќе испрати понуда за фудбалерот на Реал Мадрид Хамес Родригез.
Колумбиецот минатиот викенд изјави дека постои можност да го напушти клубот поради малата минутажа која ја добива од тренерот Зинедин Зидан. Исто така, тој остро го критикуваше капитенот на Реал, Серхио Рамос.
“Се зависи од тоа што ќе направиме во продниот рок. Мораме да ја почитуваме состојбата во клубот, но Јувентус сака да биде меѓу најдобрите на светот и тоа секогаш ќе биде нашата цел. Пред 4-5 години не можевме да си дозволиме да трошиме многу, а денес во тимот ги имаме Игуаин и Пјанич, два огромни трансфери”, изјави Марота за Газета дело Спорт.