Вирусот создаде нов вид на човек, КовИДИОТ!

Епидемијата на коронавирусот во САД, како последица, освен жртвите и проблемите во функционирањето на системот, донесе и нов збор- КовИДИОТ.

Новиот збор КовИДИОТ, зазеде важно место во медиумите, меѓу кои и “Њујорк пост” и “Дејли њуз”.

“На секој херој кој спасува по еден живот, изгледа постои и по еден КовИДИОТ, кој не загрозува”, наведува Дејли њуз.

Меѓу првите е еден средношколец кој се фалеше со журките на плажите во Мајами каде пишуваше “Каков Ковид-19, каков коронавирус, ништо не може да не запре”, и девојката која ја лижеше шолјата во тоалетот во авион, повикувајќи и другите тоа да го правата, бидејќи “коронавирусот не постои”…

“Кој е поголем КовИДИОТ од нив- вие кажете”, наведува Њујорк Дејли Њуз, кој во оваа група ги вброи и Џенифер Лопез и нејзиното момче Алекс Родригез, кои покрај забраните за работа, ги отворија теретаните.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.