Виолинистката Марија Јанчулеска се закити со трета награда на интернационално ниво на онлајн натпревар. Во силна конкуренција и силен филтер на комисија од 27 музичари од целиот свет, Јанчулеска ја освои наградата, која и’ претставува поголема мотивација.
Светскиот натпревар го организирале два музички универзитета од Италија и Австрија кој имал две етапи.
-Во првата свирев дело по избор, а во втората на зададени оркестарски делници. Ги свирев Глазунов концерт за виолина и оркестар и Шехерезада од Корсаков – посочува Марија.
И лежи свирењето на камерна музика.
-Важна е комуникацијата со членовите. Не се гледам како соло изведувач. Не се опишува чувство додека свирам со камерен состав – додава Јанчулеска, потенцирајќи дека планира концерт со Пјацола квинтет и солистички во родниот Прилеп.
Извор: “Неделник Зенит”