Вработените во Јавното претпријатие “Комуна” од Крушево, кои деновиве активно работат на повеќе локации во градот, а со цел обновување на ликот на највисокиот град на Балканот, добија нови униформи кои ќе им бидат од огромно значење особено во овие ладни зимски денови.
Од ЈП “Комуна” изразија искрена благодарност и пофалба до фирмата “ЕУРОТРАНС” и до Јанчев Диме од Кавадарци за укажаната донација.
-Вашата хуманост, општествена одговорност и подготвеност да помогнете претставуваат значаен придонес за заедницата и вистински пример за солидарност. Со вакви гестови се гради доверба и подобра иднина за сите, стои во соопштението од јавното претпријатие.

























