ВИКТОР ОРБАН: “Ги намалувате приходите за земјоделстовот за да им ги дадете на мигрантите? НЕМА ДА ДОБИЕТЕ НИТУ ЦЕНТ! “

Унгарскиот претседател Виктор Орбан изјави дека не го поддржува предлог буџетот на ЕУ во кој се предвидени помалку пари за земјоделците, истражување и регионален развој, а зголемени се средствата за земјите кои прифаќаат мигранти.

Виктор Орбан во интервјуто за унгарското Радио Кошут изјави дека очекува преговорите за буџетот на ЕУ да бидат подолги и истакна дека заедничкиот седумгодишен буџет, мора да биде едногласно усвоен.

“Се додека Унгарците не дадат зелено светло, нема да има буџет!”, рекол орбан, пренесува МТИ.

Тој не поддржува намалување на средствата за земјоделците, истражувањето и регионалниот развој, а зголемување на средтствата за земјите кои прифаќаат мигранти.

Како што вели тој, на мигрантите не трбало да им се даде ниту цент, а релевантна поддршка требало да обезбедат членките од сопствениот буџет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.