Викиликс: НСА прислушувала разговори на Бан, Меркел и други светски лидери

vikiliks-640x294

Викиликс објави материјали со докази дека Агенцијата за национална безбедност на САД прислушкувала разговори на генералниот секретар на ОН, германскиот канцелар и други светски лидери.

На сајтот е објавен список со документи, дел од нив со назнака – строго доверливо.

Според Викиликс, Агенцијата прислушкувала разговори меѓу Бан и Меркел посветени на промените на климата, дискусии на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони. Прислушкувани се и разговори меѓу министри за трговија од ЕУ и Јапонија за тајни „црвени линии“ на нивните страни во преговорите под закрила на СТО.

Интернет порталот објави и детали за приватна средба меѓу Берлускони, Меркел и поранешниот француски претседател Никола Сакрози.

– Покажавме како лични средби на Бан биле прислушкувани од една држава чија единствена цел е да ги заштити своите најголеми нафтени компании, коментираше основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

– Ќе биде интересно да ја видиме реакцијата на ОН бидејќи штом генералниот секретар може да е цел, тогаш во опасност се сите – од светски лидери до оние кои ги чистат улиците, додава тој. Документите се од периодот 2007-2011 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.