Додека поранешните агенти ја критикуваат ЦИА поради шпионирање, потпретседателот на Америка вети казнување на Викиликс поради објавување на тајни документи.
ВАШИНГТОН – Документите кои ги објави Викиликс покажуваат дека ЦИА излегла од контрола и дека се претворила во паравоена организација, тврди Џон Киријаку, поранешен агент на ЦИА.
-Задачата на ЦИА некогаш била да регрутира шпиони, да кради тајни и да ги анализира како би му помогнала на политичарите во меѓународните односи. Меѓутоа, сега се претвори во паравоена формација.
ЦИА не би требало да се занимава со шпионирање на своите граѓани – вели Киријаку.
Ф.Г.