Викенд посветен на виното и љубовта со неодолива понуда во “Ресторан Порта” – Резервирајте навреме!

Aко некаде во Прилеп знаат да направат прекрасен спој на љубовта, добрата храна и виното, тоа сигурно е во “РЕСТОРАН ПОРТА”.

Kaко и секоја година и оваа, ноќта посветена на виното и љубовта најсилно ќе пулсира токму таму, во срцето на прилепската Стара чаршија, со одлична музичка понуда, беспрекорно вкусна храна, а друштво ќе ви прават и одлично избрани француски и шпански вина по промотивни цени.

Викендот стартува во петок со почеток од 20:30часот, кога настапува дуото Никола и Гоце acoustic.

Саботата е резервирана за две дружења со Аcoustico Light. За тие кои уживаат во денот, забавата започнува во 14:00 часот, а веќе вечерта со почеток од 20:30 часот, маестралните кавадарчани ви закажуваат ново дружење.

Од “РЕСТОРАН ПОРТА” уште еднаш ќе покажат дека знаат како најдобро да допрат до сите, до оние со срца заљубени, но и до оние кои традиционално ќе празнуваат со вино и лозова ракија.

Резервирајте навреме на 048 424 240. Тимот на Ресторан “ПОРТА” ве очекува! Да градиме спомени полни со љубов и уживање!

Наздравје!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.