Тимот на “РЕСТОРАН ПОРТА” ви закажува две нови средби со два добро проверени музички состави, за ново гурманско викенд уживање.
Во петок, 24.10. со почеток од 20:00 часот, ќе ве пречекаат неповторливите ““АКУСТИКО ЛАЈТ БЕНД”. Kвартетот од Кавадарци како и секогаш ќе понуди музика за уживање за сите вистински гурмани и вљубеници во староградските звуци.
Саботата викендов (25.10.) пак е резервирана за “ТРИО МАЊИФИКО”, уште еден добро познат состав од Тиквешијата, чиј настап не смее да се пропушти.
Дојдете и уживајте и овој викенд во срцето на Старата прилепска чаршија, во ресторанот кој создава една поинаква гастрономска приказна во која секој има своја улога и остава свој белег.
Резервирајте навреме на 078 368 111. Тимот на Ресторан “ПОРТА” ве очекува! Да градиме спомени полни со љубов и уживање, затоа што еднаш се живее!