Викенд дестинација за прекрасен помин, пица – ресторан Гарден Лимитлес

12072624_188304901506974_4457218802590685266_n

Пица ресторан Гарден Лимитлес во Прилеп е местото каде ќе вкусите прекрасна храна, десерти и ќе уживате во прекрасно уреден и со стил подреден амбиент.

Место каде во едно се собрани гурманското, гостопримството, врвниот вкус и супер услуга. Цени достапни за сечиј џеб, богато мени со храна и пијалоци, како и промотивни дневни, богати менија

12189174_188751728128958_5771399357448584714_n

Ентериерот пружа можности за одличен помин со вашите најблиски или деловни партнери, опуштена атмосфера и топлина.

12191701_188459028158228_8837953168412133259_n

Во викендите жива музика  со најдобрите музичари од градот, многу луѓе на едно место, расположение кое ќе ве натера да навратите веќе наредниот ден.

Храната е уметност за очи и мевлем за душа. Ќе се изненадите од одличната сервираност, ќе забележите љубов во приготвувањето, како и целосно внимание при секој детаљ.

Ресторанот располага со широка летна бафча за топлите денови. Рајатно место, надвор од централниот градски метеж каде можете да го испиете вашето кафе.

11018790_109601816043950_5704353938030197793_o

10390020_109604226043709_1857147142536575276_n

Ние се уверивме во нивната умешност, врвна подготвеност да одговорат на потребите на гостите и да се погрижат за прекрасно поминато време.

Тие се едни од ретките кои го сакаат тоа што го работат и кои посветено се трудат да понудат нешто поразлично, нешто уникатно и пред се вкусно.

Повелете во Гарден Лимитлес, нема да зажалите !

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.