Времето во Македониј вчера беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Утринската температура се движеше од 12 до 19 степени, а дневната температура од 26 до 36 степени.
Во Скопје беше сончево со мала до умерена локална облачност.
Утринската температура до 19 степени, а дневната температура до 34 степени.
Во следните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Од вторник во попладневните часови во планинските предели ќе има и услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.