Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб, но попладне во западните делови ќе дува умерен на моменти и засилен ветер од западен и југозападен правец кој ќе биде повеќе изразен во планинските делови.
Утринската температура ќе се движи од минус два до седум, а дневната од 17 до 22 степена.
За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина од 50 до 70 километри на час. Утре кон крајот на денот во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта кон недела ќе се прошират насекаде. В недела претпладне во западните делови се очекуваат нешто пообилни врнежи од дожд, а попладне на повисоките планини ќе има услови за повремени врнежи од снег.
Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.