Викендов ќе се разговара за целосно отворање на границите, без тестови и изолација

За целосно отворање на границите, односно за слободен проток на граѓани без тестови и изолација, ќе се разговара викендов, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Претходната одлука беше одлука да се отворат сите затворени гранични премини со препораките што важат сега, но со оглед на тоа што во целиот регион епидемиолошкит ризик е еднаков, еве веќе се отвораат и аеродроми, се отвора цела Европа, насекаде во светот и секаде се препорачуваат истите мерки, секаде важат истите принципи на превенција, така што одлуката ќе биде да се отворат границите целосно, без карантини и без Пи-Си-Ар тестирање. Еве ќе носиме одлука и ќе дискутираме викендов некаде за почетокот на следната недела, рече Филипче.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.