Ветер и зголемена облачност е прогнозата на УХМР за денеска, додека од утре поради продор на студена воздушна маса од север, ќе има позначителна промена на времето.
Така, се очекува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на планините со локален снег, претежно во западните и северните делови. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места каде повремено ќе достигнува брзина над 70 км/час.
Во недела ќе се задржи променливо облачно и свежо со услови за слаби локални врнежи.
Дневните температури ќе опаѓаат и во недела ќе бидат пониски за 8 до 10 степени од досегашните. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни.
Од понеделник дневните температури ќе бидат во постепен пораст.