Викендов во Прилеп ќе се одржи 18-то издание на Меѓународниот карневал “Прочка 2019”.
Програмата започнува во петок (08.03) со изложба на рачно изработени традиционални маски која започнува во 12:00 часот во фоајето на Центарот за култура “Марко Цепенков”.
Во сабота (09.03) со почеток од 12:00 часот на плоштадот “Методија Андонов-Ченто” ќе се одржи традиционалниот Детски карневал на кој учество ќе земат деца до 14 годишна возраст. Покрај тоа ќе има музичка програма и настап на “Статуа фест”.
Главното дефиле на маски е закажано за недела (10.03) со почеток од 13:00 часот, а карневалот ќе се заокружи со традиционалниот ручек на Здружението “Прилепски мечкари” кој ќе се одржи во понеделник (11.03) со почеток од 12:00 часот во манастирот “Св. Ѓорѓија”.