Во текот на изминатата вечер (10/11.12.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 54 возачи. Од нив 45 на територија на Прилеп, 6 во Битола,2 Ресен и еден возач во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 54 други прекршоци.
Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.