Визијата за Битола низ призмата на младите архитекти – Отворена изложба со студентски трудови во Офицерски (ФОТО)

Во Кристалната сала на Офицерскиот дом, во организација на Општина Битола и Архитектонскиот факултет во Скопје, со поддршка на КИЦ Битола,
денес беше отворена изложбата на студентски трудови, изработени во рамки на предметот Урбанистичко обликување 2, во 9 семестар, на студентите од Архитектонски факултет Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, под раководство на проф. д-р Дивна Пенчиќ, асист. м-р Ана Рафаиловска и дем. Бојана Исијанин.

На отворањето на настанот се обрати секретарот на општина Битола, Борче Димитровски, кој воедно изрази голема благодарност до студентите за
презентираните проекти и визии за идниот развој на Битола.

Проф. д-р Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет во Скопје посочи дека седум тимови составени од студентите изработија седум визии за градот, преку 29 проекти на избрани локации.

Целта на овој проект е да се види како идните планери и архитекти размислуваат за градот, при тоа применувајќи ја современата метода за
планирање, преку изработка на визии за правецот на движење на градот. До сега, планирањето се работело конвенционално, без да се земат во превид сите потреби и останати стратегии за целокупниот развој на Битола.

Многу од проектите се остварливи, истакнаа студентите при отворањето на оваа изложба, но за реализација се потребни големи чекори.

Изложбата ќе биде достапна за граѓаните и во наредните денови во Офицерскиот дом.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.